Телеком ви препорачува: Од 2 мај во кино Фросина погледнете ги овие филмови

Денес започнува 14. фестивал на Новиот германски филм

Во потрага по културни настани коишто вредат да се посетат деновиве, Македонски Телеком како партнер на фестивалот „Нов германски филм“ ви издвојува 5 современи филмски остварувања кои ќе го допрат вашето срце и нема да ве остават рамнодушни.

Фестивалот започнува на 2 мај и ќе трае се до 4 јуни, а освен во Скопје ќе се одржува во неколку градови низ државата. Отворањето на фестивалот е резервирано за комедијата „100 работи”, по што следат уште 4 фестивалски дена во Скопје, при што проекциите ќе се случуваат во кино „Фросина“. Потоа, филмовите ќе бидат дел од репертоарите на кино салите во: Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

Програмата нуди разнолик пресек на современиот филм во Германија, носејќи и́ на македонската публика драма, трагикомедија и комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се внимателно избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали. Еден од нив беше и во конкуренција за наградата “Златна мечка” на престижниот Берлинале.

На репертоарот во кино „Фросина“ во Скопје се дури 11 филмови, а ние ви предлагаме да не ги пропуштите следните остварувања:

100 работи

02.05.2019 во 20.00 часот
(комедија)

Режија: Флориан Давид Фиц

Германија 2018, 111 минути

Со Флориан Давид Фиц, Матиас Швајгхефер,
Мириам Штајн, Ханелоре Елснер

Тони ја обожава својата еспресо машина. Паул својот мобилен телефон. Тони не може без таблети за растењеж на коса, Паул без своите свети патики. Но, пред сѐ, Паул не може без Тони и Тони не може без Паул. Но, тие не го знаат ова. Секогаш станува збор за тоа кој е подобар или покул, и токму поради тоа сега= се наоѓаат во следната ситуација: седат тука, без мебел, без облека, голи и смрзнати. И тоа уште на првиот ден! 100 дена, се обложија, мора да се откажат од сѐ. Секој ден враќаат по еден предмет. И веќе се заплеткуваат во прашања, што претходно никогаш не им паднале на ум: што навистина му е потребно на човек? Ги поседуваме ли ние предметите или тие нас? Постои ли слободна волја воопшто, и колку често може да се користи долната облека, пред да заврши како посебен отпад?


Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета

03.05.2019 во 16.00 часот

(Документарец, семеен филм)

Режија: Мартин Тишнер

Германија 2019, 86 минути

Со Тобиас Крел, Ларс Рудолф

Љубопитниот Тоби патува со пирати, кога во брановите ќе најде таинствена порака во шише. Во неа е скриена една загатка. За да ја реши загатката, му треба тајната на нашата планета. Затоа тргнува на најавантуристичкото патување на својот живот: Тоби оди на работ на активен вулкан, во подводниот свет на Пацификот, со истражувачи на клима до вечниот мраз и конечно во индиската метропола Мумбаи. Помош добива од многуте пријатели-експерти од целиот свет. И во самото писмо Тоби секогаш повторно наоѓа важни укажувања.

Жешко столче

03.05.2019 во 21.00 часот

(Драма)

REISE NACH JERUSALEM

Режија: Лучиа Чиарла

Германија 2018, 118 минути

Со Ева Лебау, Бениамино Броги,Констанце Пристер

Со 39 години Алис е самица и невработена, иако на своите пријатели им тврди дека е успешна фриленсерка. За секое евро мора добро да размисли пред да го потроши и се срами поради тоа. Мерките на Агенцијата за вработување досега беа безуспешни и Алис не верува дека тоа некогаш ќе се промени. Еден ден одлучува да не прима наредби од Агенцијата за вработување и напушта еден за неа целосно бесмислен семинар, со што ѝ се кратат приходите. Пари има сѐ помалку, но кон надворешниот свет, наспроти пријателите и семејството, Алис и понатаму го сочувува привидот. Наместо тоа, се обидува конечно повторно да се врати и надоврзе на животот пред да дојде невработеноста...

Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка

04.05.2019 во 16.00 часот

(Семеен филм, авантура, драма)

Режија: Андреас Дрезен

Германија 2017, 102 минути

Со Арвед Фризе, Јустус фон Донануј, Аксел Прал

Тим Талер е момче кое всушност нема зошто да се смее. Сепак, тој со задоволство и често се смее и со смеата ја заразува околината. И таинствениот, демонски барон Лефует е заразен од смеата на веселото момче и му нуди невообичаен договор: Тим да му ја продаде смеата, а како противуслуга никогаш повеќе да не изгуби облог. Тим потпишува – и речиси веднаш се покајува за размената. Тим брзо ќе увиди дека без смеа е несреќен човек. Затоа сака по секоја цена да го врати своето вистинско богатство од баронот. Иако не е едноставно да се раскине пактот со ѓаволот, Тим не се откажува.

Во време кога светлината згаснува

04.05.2019 во 19.00 часот

(Драма, комедија)

Режија: Мати Гешонек

Германија 2017, 101 минута

Со Бруно Ганц, Хилдегард Шмал, Силвестер Грот

Источен Берлин, рана есен, година 1989. Вилхелм Повилајт, партиски член на СЕД, многупати одликуван и патријарх на семејството, денес ќе полни 90 години. ГДР, во чиешто создавање учествувал по сопствено уверување, се приближува до 40-от и последен роденден. Вилхелм и сопругата Шарлота, се подготвуваат за почесниот ден. Соседи, сопартијци и пионери со песна ќе настапат, за да му честитаат на Вилхелм Повилајт, да му дадат цвеќиња и уште еден орден. И семејството на Шарлота и на Вилхелм е тука, само внукот Саша го нема никаде – пред неколку дена исчезна на Запад.

Бидете дел од Фестивалот на новиот германски филм и уживајте во програмата креирана за сечиј вкус. Повеќе информации можете да добиете на следниот линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши седат на концерт на пијано.
- Ова да не е Шопен?
- Не сум сигурна, чекај нека се сврти!

* * *
Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...