Светската премиера на „Врба“ на Манчевски во Рим

Светската премиера на најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе се случи на Филмскиот фестивал во Рим кој се одржува од 17 до 27 октомври. Премиерата на „Врба“ во Рим е на 19 октомври.

Со „Врба“, македонската кинематографија освојува нова територија: ова ќе биде прв македонски филм што е селектиран во официјалната програма на Римскиот фестивал.



Римскиот фестивал е најмладиот меѓу најелитните 5-6 фестивали во светот, каде свои светски премиери досега имале многу оскаровци. Како и Торонто, и Рим нема награди. Годинава се одржува по 14. пат.

Антонио Монда е уметнички директор на фестивалот, на чие огромно задоволство филмот „Врба“ беше селектиран во официјалната програма.

„Врба“ е во официјалната селекција меѓу 30-на филмови на фестивалот, заедно со најновото остварување на легендарниот Мартин Скорсезе „The Irishman“, како и „Motherless Brooklyn“ на Едвард Нортон, меѓу другите.

Годинава добитник на наградата за животно дело е актерскиот великан Бил Мареј, кому наградата ќе му ја врачи прославениот американски режисер Вес Андерсон. Во Рим ќе дојдат и едни од најзначајните современи филмски режисери како Јапонецот Хироказу Коре-еда и Французите Бертран Таверние и Оливие Асајас.

Силната селекција на фестивалот во Рим изминативе години е индикатор за идни оскаровци.



Рим се издвојува со моќен црвен ќилим, еден од најмоќните во фестивалскиот свет – најголемите холивудски ѕвезди се редовни гости на фестивалот, каде ги презентираат филмовите, а случувањата на фестивалот се проследени со големо медиумско внимание и во Италија и низ светските медиуми. Гламурот го потенцира и спектакуларната фестивалска палата, дело на легендарниот архитект Ренцо Пиано.

Изминативе години на фестивалот свои светски премиери имаа многу познати режисерски и актерски имиња од Френсис Форд Копола, браќата Коен, Хелен Мирен, Харисон Форд, Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Џулиен Мур, до Никол Кидман, Џуд Ло, Хоакин Феникс, Шон Пен, Скарлет Јохансон, Томас Винтерберг, Кжиштоф Зануси, Питер Џексон, Парк Чан-вок, Мајкл Мур, Стивен Содерберг, Ричард Линклејтер, Сали Потер, Дејвид Линч... Мартин Скорсезе и актерската легенда Изабел Ипер мината година добија награди за животно дело.

По тој повод, Горјан Тозија, првиот човек на Агенција за филм изјави:

-Филмот „Врба„ на Манчевски е континуитет на една успешна приказна која на нашата земја и го донесе најголемиот успех. Милчо е македонскиот „билборд“ во светот. Самиот факт што филмот е селектиран на еден ваков престижен фестивал е одличен доказ за тоа.



Од освојувањето на Златниот лав во Венеција со „Пред дождот“ во 1994 и номинацијата за најдобар странски филм на Оскарите во 1995, Манчевски со своите филмови за првпат за македонската кинематографија ги отвори вратите на најголемите фестивали како Санденс, Торонто, Токио, Берлин, Сао Пауло, Локарно, Шангај, Хонг Конг, Ерусалим, Палм Спрингс и десетици други...

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Филм за мајчинство, љубов и доверба. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.

-По десет години, убаво е пак да снимам тука – во меѓувреме снимив филм во Њујорк, краток филм во Куба и уште еден во Њујорк. Овој пат искуството беше одлично оти имав поддршка во организацијата како никогаш досега. Овој пат работев со одлични продуценти, посветени, чесни, професионални. „Врба“ е приказна за три мајки, филм за лојалност, љубов, мајчинство и доверба, изјави на конференцијата за печат Манчевски.

Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Снимањето на филмот траеше два месеци, од крајот на октомври до првата половина на декември 2018 година, низ различни локации на живописниот прилепски регион и на препознатливи локации низ Скопје. Процесот на снимањето на филмот помина во совршен ред, благодарејќи на професионализмот на целата екипа, и успеа да се сними дури и неколку дена порано од предвиденото.

-Беше навистина сложено да се координираат сите земји копродуценти во филмот, но од друга страна и огромен предизвик. Филмот успеавме да го снимиме дури неколку денови пред предвиденото, тоа е адут дека се работеше крајно професионално и во тивка и беспрекорна атмосфера. Среќни сме што достоинствено ќе можеме земјава да ја претставиме пред светот на претстојниот Филмски фестивал во Рим, Италија, заклучи продуцентот на филмот Јане Ќортошев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...