Македонија покажа колку е силна против Грција

Македонските најдобри кошаркари покажаа карактер, срце, посветеност, единство и борба до последен здив, што ги донесе до реализација на заедничката цел, славеа во дуелот против селекцијата на Грција и тоа со убедливи 72:58. Нашиот тим докажа дека се одликува со карактеристики за високи дострели.

По извондредно неизвесното прво полувреме, во кое двата тима наизменично се менуваа во водство, притоа не создавајќи ниту една од селекциите значителна, опиплива предност, по одморот, избраниците на Марин Докузовски ги превзедоа работите на теренот во свои раце, се одлепија на двоцифрена предност, и искусно и со стабилна игра ја одржуваа предноста, не дозволувајќи му на фаворизираниот противник резултатски да се приближи. Одличната партија на паркетот, надополнета со фантастичната поддршка од трибините, каде македонските фанови беа и побројни и погласни во споредба со противничките, резултираа со триумф од дури 14 поени разлика.

Сега Македонија е прва на табелата со 5 бода, Грција е веднаш зад нас со исто толку бодови, Финска има 4, колку и БиХ. По 3 имаат Хрватска и Црна Гора, кои нешто подоцна ќе го одиграат својот меѓусебен дуел.

И овој пат македонските навивачи, обоени во црвено и жолто, расположени и полни со позитивна енергија, беа вистинска сензација во фан-зоната и околу арената, а македонските кошаркари покрај овие гласни и посветени навивачи, и на мечот против Грција се чувствува како дома.

Сепак, и кошаркарските репрезентативци не останаа должни, на најдобар можен начин, и тоа неколку дена порано, на нашите граѓани им ја честитаа 20-годишнината од независноста на Ребулика Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...