СЕЛЕКТОРОТ МАРИН ДОКУЗОВСКИ И ЕМОТИВНО И ФИЗИЧКИ "ИСПРАЗНЕТ"

Заслуживме медал

"Што да се каже по сето ова што се случи не само на овој натпревар?

Многу малку ни недостасуваше да го досонуваме својот сон откако дојдовме и игравме тука в Литванија, да освоиме медал.

Ниту еден од нашите јунаци не можеше да ги сопре солзите

Но и покрај големата желба, и уште поголемото срце, нешто што со себе го носи оваа репрезентација на Македонија, сепак, Русија е кошаркарска велесила. Има играчи сериозно квалитетни, има клупа... На овој натпревар имаа и извонреден офанзивен скок, мислам дека дури и имаат повеќе офанзивни отколку дефанзивни скокови. Дадоа 30 поени од т.н. 'втора шанса'.

Друг битен фактор секако се нашите проблеми со 'личните' на нашите клучни играчи. Токму и поради тоа нашата одбрана не работеше како што треба.

Но и покрај тоа, се вративме, бевме егал се до последните секунди од мечот во кој немаше да биде незаслужено ние да го освоивме тој медал кој силно го посакувавме. како игравме на ова ЕП, сигурно го заслуживме".

ПРЕДРАГ САМАРЏИСКИ ОСТАНА БЕЗ ЗБОРОВИ ПО СЛУЧКИТЕ ВО ФИНАЛНИТЕ 15 СЕКУНДИ

Тажен крај на бајката...

Не можеше да зборува многу ниту Предраг Самарџиски, но мораше некој да с епојави на прес-конференцијата по овој трилер во кој останаавме без бронзените медали.

"Тоа е крај на бајката која ја живеевме овие денови во Литванија. За жал, не се случи, не заврши со хепиенд. Но мораме да бидеме горди на сето ова што го направивме тука на ЕП. Докажавме дека со право сме во ова високо друштво.

Денеска веројатно одлучи оној офанзивен скок на Русија, примивме доста кошеви од втор обид. Оваа приказна завршува тука, но за две години почнува некоја нова. Се надевааме и веруваме дека таму ќе го направиме тој чекор или два"- искоментира кратко нашиот висок центар.

АНДРЕЈ КИРИЛЕНКО СО НИЗА НА КОМПЛИМЕНТИ ЗА НАШИОТ ХЕРОЈСКИ НАСТАП

Македонија е пример како се игра за својата нација

"Искрено, Македонија овде ни беше пример на сите како треба да се игра за националниот тим, со сето свое срце, со сета своја желба, со сета своја енергија, на секој натпревар. И вечерва ни подготвија тежок натпревар, кој беше одлучен во последните секунди. Покажаа, докажаа дека заслужено се тука, во првите четити селекции на првенството. Убеден сум дека ќе бидат во исто вакво издание и на оние олимписки квалификации за Лондон следната година. Апсолутно го заслужија тоа.

Оваа беше наша, би ја нарекол, 'работна' победа, тешка, во секој случај. Го сакавме тоа трето место, таа бронза, успеавме во тој наш обид поради што сум многу среќен"- кажа НБА руски суперстар.

РАЗБИРЛИВ ЖАЛ ЗА БРОНЗАТА

Плач на теренот, плач во соблекувалната

Неверојатно тежок момент за сите кошаркари, тренери, членови на делегацијата, новинари, и секако навивачите се случи оваа недела, и на претпоследниот натпревар на Евробаскетот во Литва.

Македонската репрезентација не успеа во својот обид да и донесе нова можност за радување на целата наша нација.

Скршени беа срцата на нашите јунаци во Каунас, посебно по она неверојатно промашување на Дамјан Стојановски во триедесетина секунди.

Затоа и оправдан беше плачот на теренот плачот на нашите херои во соблекувалната. Не можеа да поверуваат и да прифатат дека беа така блиску до остварување на сонот - медал, прв во историјата за самостојна Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...