Гвардиола: Немам понуда од друг клуб

Тренерот на Баерн Пеп Гвардиола изјави дека не знае дали и следната сезона ќе биде на кормилото на Баерн, но истотака истакна дека нема добиено понуда од друг клуб.

- Јас сум тренер на Баерн и среќен сум тука. Немам донесено одлука за тоа каде би ја продолжил кариерата. Имам време да размислам, а ако се решам да го продожам договорот со Баерн тоа ќе биде по добра анализа бидејќи не сакам да бидам проблем за клубот. Немам добиено понуда од друг клуб, изјави Гвардиола.

Пред неколку денови се појави информација дека на крајот од сезоната откако ќе му истече договорот со Баерн, Гвардиола ќе замине во Манчестер Сити.

Како тренер на Баерн Гвардиола освои две титули во Бундес лигата, еден Куп на Германија, УЕФА Супер куп и Светско клупско првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...