Пари од сите страни стигнаат се слеваат во Реал и Барселона

Најпопуларните клубови во светот, Реал Мадрид и Барселона се како „магнет“ за привлекување на пари. Двата шпански гиганти каде и да се појават предизвикуваат огромно внимание. Тие се бренд препознатлив во целиот свет. Освен што фудбалски се речиси перфектни, Реал и Барса знаат многу добро и да ја наплатата својата популарност.



Двете екипи пред неполни два месеци се радуваа на многу значајни трофеи. Реал Мадрид стигна до рекордната 11 титула во Лигата на шампионите, додека Барселона го подигна трофејот во најсилната лига во светот, Примера дивисион.

„КРАЛЕВИТЕ“ ЗА ТРИ МЕЧА ЌЕ ДОБИЈАТ 12 МИЛИОНИ ЕВРА

Веќе традиционално големите европски гиганти се дел од летниот турнир на Интернационални шампиони кој се игра на неколку различни континенти. Реал Мадрид како шампион на Европа, денеска ќе го игра против дуел на овој турнир и тоа против францускиот првак ПСЖ. „Кралевите“ се на подготовки во САД, каде и ќе ги одиграат сите три средби од овој популарен турнир. По дуелот со „светците“, избраниците на Зинедин Зидан ќе тестираат и против англискиот премиерлигаш Челзи и германскиот првак Баерн Минхен.



За учеството на овој турнир, односно за одигрувањето само на овие три натпревари, челниците на „кралскиот клуб“ ќе инкасира дури 12 милиони евра, што значи дека добива по четири милиони за 90 минути игра.

РЕКОРДНИ ПРИХОДИ ЗА КАТАЛОНЦИТЕ

И Барселона може да се пофали дека финансиски добро поминува. Каталонскиот гигант официјално го објави финансискиот отчет за минатата сезона. Таму стои дека за сезоната 2015/16, актуелниот првак на Шпанија имал приход од 679 милиони евра. Чистата заработувачка на клубот со плаќањето на даноците, остануваат вкупно 29 милиони евра.

Речиси сите големи и моќни компании сакаат да соработуваат и да се рекламираат со Барселона. Советот на директори ја одобри идејата за продолжување на спонзорскиот договор со авионската компанија „Катар Аир“ за уште една година.

Тимот пред неколку дена потпиша спонзорски договор и со „Бетфер“, која е една од најдобрите компании за онлајн обложување. Соработката со „Бетфер“ е потпишана на три години.Челниците на клубот предвидуваат дека до 2021 година, вкупните приходи ќе ја надминат бројката од една милијарда евра.

Според многу пресметки и рангирања, токму Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои најмногу вредат, најмногу заработуваат, но и најмногу трошат за доведување на нови играчи. Шпанските гиганти едноставно се машинерија за пари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...