Фудбалерот од средниот ред на Шпанија, Педри, пред полуфиналето на Лигата на нации против Франција истакна дека шпанскиот тим е многу мотивиран.

- Немав можност да играм на претходните турнири. Ги гледав дома и навивав за мојата репрезентација како и секој друг навивач. Освојувањето на Лигата на нации би било шлаг на тортата. Тоа би значело завршување на сезоната на висока нота. Вакви натпревари не се случуваат секој ден. Ние сме многу мотивирани за дуелот со Франција. Сакаме да стигнеме до финалето, не размислуваме на друга опција, изјави Педри.
Фудбалерот се осврна и на интересот што го пројавува Баерн Минхен за него.
- Тие се заинтересирани за мене, но мојата љубов кон Барселона е безусловна. Тоа е мојот клуб од соништата и ќе ми биде многу тешко да си заминам, истакна 22-годишниот Шпанец зс „Diario AS“.
Во сезоната 2024/25, Педри настапи на 59 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и осум асистенции. Неговиот договор со Каталонците е до 30 јуни 2030. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 120 милиони евра.
Шпанија вечер од 21 част во Штутгарт ќе се соочи со Франција во полуфиналето на Лигата на нации.
Прв финалист на турнирот е Португалија.