Немам намера да си одам од Манчестер

Репрезентативецот на Србија и фудбалер на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ демантираше дека во текот на ова лето размислувал да си замине од таборот на "Црвените ѓаволи". Пред неколку дена неговиот менаџер Паоло Фабри изјави дека неговиот клиент посакува да замине во Барселона, по што следеше мобилна ситуација кај клубот од Олд Трафорд. Подоцна Фабри одрече дека рекол такво нешто, па Видиќ реши да даде конечен одговор до сите медиуми и наводно "заинтересираните" клубови.

"Никогаш не сум разговарал со Барселона, Реал Мадрид, Милан или некој друг клуб. Воопшто не сум ја спомнувал мојата иднина и не знам зошто некој друг би го сторил тоа за мене. Ќе кажам уште еднаш, не размислувам да го напуштам Манчестер бидејќи среќен сум овде, а и клубот е задоволен од мене. Тоа е најбитно за мене", изјави Видиќ.

Истовремено српскиот репрезентативец демантираше дека неговата сопруга Ана го наговорила да ја напушти студената Англија и да се преселат во потоплите краеви кај Барселона.

"Не знам од каде се тие информации. Ана не е класична сопруга на фудбалер. Таа никогаш нема дадено изјава во медиумите", додаде 27-годишниот дефанзивец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зборуваат две плавуши по телефон.
- Добар ден, дали е тоа телефонскиот број два, два, шест, еден, два, седум!
- Не, ова е двеста дваесет и шест, сто дваесет и седум!
- Упс,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
12 мај 2013 (МИА)
- Денеска е Светски ден на медицинските сестри....
1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски...
1842.- Во Сент Етјен е роден Жил Масне,...
1845.- Во Бон умре Август Вилхелм Шлегел,...