Време е да се погледнеме во очи

Своето разочарување по синоќешниот пораз од Луксембург, покрај селекторот Џон Тошак, не го криеше и капитенот Горан Пандев.

- Селекторот Тошак направи се во овие неколку дена да не мотивира, да ни ја наметнe замислената тактика но од тоа ништо не профункционира на теренот. Мислам дека е време овојпат одговорноста да ја преземеме ние играчите. Треба да седнеме, да се погледнеме во очи и да разјасниме сите заедно што значи да се игра за националните бои, изјави Пандев за веб страницата на ФФМ.

Македонскиот капитен вината за слабите резултати ја префрли на репрезентативците.

- Селектори за време на играњето на оваа генерација се сменија многу, а ние сме истите. Значи кај нас нешто не е во ред. И јас како капитен сум подготвен да превземам дел од одговорноста. Знам дека притисокот од јавноста ќе биде голем во наредните денови, но ние како професионалци сме навикнати на тоа бидејќи и поразите се дел од фудбалот иако место за оправдување има се помалку. Очекувам сите играчи да ги прифатат добронамерните критики и да преземат одговорност за овој срамен резултат и во иднина чесно да го испотиме дресот кој е привилегија и за кој сонуваат многу фудбалери во Македонија, во спротивно да им го отстапиме местото на помладите и поамбициозните, рече Пандев по пријателскиот натпревар со Луксембург на кој Македонија загуби со 2:1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...