Македонија скокна за 21 место

Македонската фудбалска репрезентација на последната ранг листа на ФИФА, забележа скок од 21 место, и сега се наоѓа на 83-то место.

Големиот скок на листата се должи на победата на Македонија над Србија во Скопје, а пак репрезентацијата на Синиша Михајловиќ падна за 9 места и сега се наоѓа на 42-та позиција.

Од останатите репрезентации во квалификационата група А за пласман на Мундијалот во 2014-та, Белгија исто така има скок, од 10 места и сега се наоѓа на 20-та позиција, а Велс и Шкотска на новата листа се наоѓаат на 66-то, т.е. 70-то место на листата.

Хрватска со скок од една позиција, се искачи на 10-та позиција од ранг листата на ФИФА и таа репрезентација е најдобро рангирана во нашата група.

Следниот натпревар на Македонија ќе биде пријателски против репрезентацијата на Словенија на Арената Филип Втори во Скопје, а натпреварот ќе се одигра на 14-ти ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...