МКФ: Џикиќ бараше пари однапред

Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Заре Марковски, на денешната прес-конференција објасни за смената на Алекандар Џикиќ од селекторското место наведувајќи ги причините заради кои простор за соработка бил многу стеснет.



- Многупати на селекторот му беше потенцирано дека ова не е приватна репрезентација. Сомнежите кај МКФ се појавија уште кон средината на јуни, кога за првпат се сретнавме во градот на Џикиќ, дека работата ќе има несакани последици. Со желба да му се даде значење тоа што го направи претходно, на селекторот му беше прифатено сѐ што побара, пред сѐ околу стручниот штаб. Проблемите настанаа дојдовме на темата за паричната награда која тој требаше да ја добие. Тој на крајот ги побара парите однапред, пред утрешниот прв тренинг, а тоа се косеше со претходниот договор од Белград. Неговиот ултиматум беше 'или сѐ однапред или ништо од соработката', тоа нас нѐ навреди и како горди Македонци решивме да одиме во друг правец, особено што ваквиот начин на плаќање не беше предвиден во договорот потпишан лани“, изјави Марковски.

Во продолжение, Марковски продолжи со објаснување на делот со откажувањето на Емил Рајковиќ од стручниот штаб..

- На 23 јуни беше испратена официјална покана до сите членови на стручниот штаб, меѓу кои беа Рајковиќ, Флајс, Јончевски и Полјакот Бибрович на кој Јончевски и Флајс позитивни одговорија, а Рајковиќ побара дополнителен состанок. Потоа тој не дојде на закажан состанок, а во меѓувреме не прифати ниту разговор по телефон, за ние потоа од селекторот Џикиќ да добиеме информација дека Рајковиќ нема да биде дел од стручниот штаб. Овој начин на комуникација не беше ниту е прифатлив за МКФ. Што се однесува до кондицискиот тренер од Полска, проблемот настана кога тој нѐ извести дека во текот на подготовките треба да се врати дома бидејќи имал венчавка. Се обидов да го намалам неговиот хонорар за времето кое нема да биде со националниот тим, но тоа не беше прифатено. На крајот, претседателот на МКФ нѐ извести сите дека е несериозно да прифатиме некој од тренерите да отсуствува толку долго време и дека треба да се бара ново решение за таа позиција“, додаде Спортскиот директор на МКФ.



Марковски на прес-конференцијата изрази поддршка до новиот селектор, во кого има целосна доверба.

- Имаме доверба во Србиновски, кој во последните два циклуса беше помошник на селекторите кои имаа различен успех, од историско четврто место со македонски селектор до 21. место со селектор странец. Србиновски побара од мене да му бидам од помош, што го прифатив без никакво размислување. Му благодарам на новиот селектор што се нафати, а од играчите очекувам професионален однос. Секоја победа на ЕП ќе биде успех и се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната бројка два со која може да се надеваме за остварување на посакуваната цел. Мора и да нагласам дека пред да се договориме со новиот селектор имавме контакт со Марин Докузовски“, објасни Марковски.

Првиот собир на репрезентативците е закажан за вечерва кога на дневен ред е запознавање на играчите со планот и програмата на подготовките, а првиот тренинг е закажан за утре во 10:30 часот во салата „Јане Сандански.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...