Кошарката треба да нè спојува, а не да нè разединува

„Немам ништо против Наумоски. Не сакам да се конфронтираме со него. Ако, сепак, Пеце биде мој противкандидат на Собранието, мислам дека ќе ја имам поддршката од мнозинството“ - вели потенцијално новиот претседател на МКФ, кој има потписи од 15-тина клубови кои ќе гласаат за него, а од други има усна поддршка.

Бобан Јосифовски има потпишана поддршка од 15-тина клуба во Македонија, а уште неколку му дале усно ветување дека ќе гласаат за него на претстојното Вонредно собрание на Македонската кошаркарската федерација, и со тоа е фаворит за преземање на функцијата на која сега е Петар Наумоски. Собранието на МКФ е закажано за 15 декември, а како што стојат работите во моментов, или Јосифовски ќе биде единствен кандидат за претседател, или за противкандидат ќе го има актуелниот предводник на мак-баскетот.

Јосифовски за себе смета дека е идеален кандидат за претседател на федерацијата бидејќи има долг стаж во спортот со портокаловата топка.

„Јас сум повеќе од 30 во кошаркарскиот спорт, сум ги поминал сите фази, од играч до судија, делегат, комесар за натпреварување, контролор, претседател на судиските комисии, сега сум делегат и во АБА лигата. Мислам дека за претседател на федерацијата ни треба човек од кошарката кој е успешен деловен човек. Во својата работа сум над 20 години директор на еден реномиран бренд, и мислам дека одговарам за таква работа. Ја сакам кошарката, сакам да се игра кошарка во Македонија“ - вели Јосифовски.

Уште кога се покрена иницијатива за свикување Собрание со точка на дневниот ред разрешување на претседателот Наумоски, името на Јосифовски веднаш се исфрли како потенцијален кандидат за преземање на функцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...