Скопје, 22 април 2017 (МИА) – Првиот натпревар од 28.коло од Првата фудбалска лига одигран попладнево меѓу Работнички и Македонија ЃП заврши без победник 1:1.
Гостите поведоа во 27.минута со голот на Валмир Јонузи, а Работнички изедначи преку Елиф Елмас во 43.минута.
Ова е трет нерешен резултат за Македонија ЃП на последните четири дуели.
Другите четири натпревари од оваа рунда се играат утре, а двојките се: Шкупи – Вардар, Силекс – Шкендија, Пелистер – Победа и Ренова – Брегалница. Почетокот на сите натпревари е во 16 часот.
Табела: Вардар 65 бодови, Шкендија 54, Работнички 47, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 35, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македнија ЃП 19