Детроит ја совлада Атланта

Екипата на Атланта никако да влезе во серија на победи. По двата триумфа, ноќеска е поразена дома од Детроит со 102:95. Гостинската екипа со оваа победа ја прекина серијата од 10 порази во „Филипс Арена“ во Атланта.

Македонецот Перо Антиќ беше на чекор од „дабл-дабл“ ефект со 13 поени и 9 скокови.

Најефикасен на натпреварот беше Родни Стаки од Детроит со 29 поени, додека кај Атланта Пол Милсап постигна 24.

Единствената победа на домашен терен ја постигна Минесота против тимот со најдобар скор Сан Антонио, на другите натпревари победија гостите.

Резултати од ноќешните натпревари во НБА лигата: Минесота - Сан Антонио 110:91, Мајами - Бруклин 87:88, Јута - Далас 83:95, Сакраменто - Оклахома Сити 92:107 и ЛА Лејкерс - Хјустон 130:145.

Вечерва се играат 12 натпревари: Кливленд - Детроит, Орландо - Бруклин, Торонто - Филаделфија, Вашингтон - Шарлот, Атланта - Бостон, Мемфис - Мајами, Милвоки - Индијана, Минесота - Чикаго, Њу Орлеанс - Феникс, Денвер - Хјустон, Портланд - Сакраменто и ЛА Клиперс - Оклахома Сити.

Пласман Источна конференција: Мајами 53-24 (победи-порази), Индијана 53-25, Торонто 45-32, Чикаго 45-32, Бруклин 43-34, Вашингтон 40-37, Шарлот 39-38, Атланта 34-43, Њујорк 33-45,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 60-18, Оклахома Сити 56-21, ЛА Клиперс 55-23, Хјустон 52-25, Портланд 50-28, Голден Стејт 48-29, Далас 48-31, Феникс 46-31, Мемфис 45-32,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...