Сагадин: Во МЗТ немаат трпение

Словенецот Змаго Сагадин по заминувањето од МЗТ Скопје Аеродром, за медиумите во неговата земја изјави дека е подобро за него што сега си заминал од македонскиот првак отколку да се мачел две години колку што му траеше договорот. По разделбата, „металците“ преку својата интернет страница му се заблагодарија на Сагадин за вложениот труд и професионалноста која ја демонстрирал за време на престојот во клубот. Иако имаше двегодишен гарантиран договор, Змаго се реши за прекин на соработката без да бара финансиски надоместок.

„По разговор со газдата Ивица Коневски, за пет минути решивме да се разделиме. Проблемот беше што јас секаде каде што одам носам систематска професионална работа, ред и дисциплина, како и визија. Јас не сум тој што дава кошеви и игра одбрана. Преку ноќ не може да се направат резултати. МЗТ остана без 7-8 главни играчи од минатата сезона и се одлучи за подмладување. Сепак, по месец-два, дојдовме во ситуација дека клубот бара од тимот да ги добие сите натпревари. Им реков дека ми требаат 5-6 месеци од овој нов состав да направам сериозен тим“ - изјави Сагадин.

Сагадин вели дека се обидел на раководството да му појасни оти мора да работи на долг рок, а не секоја година да менува по двајца тренери и по осум играчи. Идејата му била МЗТ да ги собира сите најдобри македонски младинци, а не тие веднаш откако ќе покажат талент, да бегаат во странство.

„За таквата идеја немаа разбирање и трпение во клубот. Затоа сфатив дека немам што да барам таму. За мене и моето здравје подобро беше да си заминам, отколку да ми се мешаат во работата“ - додава Сагадин.

Сагадин смета дека главен играч во тимот е Цинцадзе, и открива оти грузискиот организатор на игра е единствениот што има „сериозни“ финансиски бројки во договорот, додека Лучиќ останал да игра за помалку пари од лани. Тој во моментов не е подготвен да работи и сака да одмори, а за еден до два месеци ќе одлучи дали ќе продолжи со тренерската работа или ќе се пензионира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...