Хамилтон призна дека имал „лош ден“

Луис Хамилтон ги прифати критиките за грешките по кои заврши само на шестото место на Унгарското ГП. Светскиот шампион прво имаше лош старт, дозволувајќи му на Себастијан Фетел да го претекне, потоа излета од патеката во првиот круг за на крајот да го оштети болидот при судирот со Даниел Рикијардо во Ред Бул.

„Навистина бев насекаде. Немам зборови да опишам што се се случуваше. Навистина лоша трка од мене“, вели Хамилтон.

Откако беше четврти во првиот круг, Хамилтон влезе прешироко во шиканата, падна на 10. место, се врати до 4. место пред да го скрши предното крило при судир со Рикијардо по излегувањето на безбедносното возило. По ова тој мораше да влезе во боксот и да биде 12. на 20 круга пред крајот, за на крајот да стигне до шестото место поради грешката на неговиот колега Нико Розберг.

„Не знам дали се работеше за пад во концентрацијата или нешто друго. Одев до максимум, но имаше толку многу пречки. Кога имаше избор меѓу две можности, секогаш ја бирав погрешната“, признава Хамилтон, кој додава дека е „бизарно“ што го зголеми водството во генерален пласман на 21 поен пред Розберг.

Германецот беше осми по судирот со Рикијардо додека се бореа за второто место, по што мораше да влезе во боксот за нови гуми. Тој призна дека пропуштеил голема шанса.

„Навистина разочарувачки. Кога требаше да ги искористам грешките на Луис, тоа не се случи. Се удрив во предното крило на Даниел на излезот од кривината. Сега сме на пола од сезоната, но разочарувачки е што можев да бидам во водство“, вели Розберг.

Иронично, шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека трката им била уништена од Рикијардо, возачот на Ред Бул по двата судири во финишот на трката. Тој не сфаќа зошто ФИА не го казни Австралиецот.

„Инцидентот на Рикијардо со Нико беше навистина соминтелен. Од тоа што го забележав се работеше за јасна грешка на Рикијардо. Одиме понатаму“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...