Луис со белгиска победа ги замолчи критичарите

Светскиот шампион Луис Хамилтон го зголеми водството во генерален пласман со неговата шеста победа оваа сезона на класичното Белгиско ГП во Спа, пред својот колега Нико Розберг, уште еднаш покажувајќи ја моќта на тимот на Мерцедес.

Хамилтон, кој досега имаше само една победа на „патеката на шампионите“ со Мекларен во 2010 година, немаше проблем од пол-позицијата да ја обезбеди својата победа со предност од две секунди.

Болидите на Мерцедес беа доминантни во текот на целиот викенд, декласирајќи ја конкуренцијата откако пред летната пауза на трката во Хунгароринг не беа ниту на подиумот. Покрај тоа, многумина сметаа дека Хамилтон несериозно ја сфаќа својата позиција откако во текот на паузата самиот се фалеше со бурните забави на Барбадос и во Њујорк.

Со 39. триумф во кариерата Хамилтон доби предност од 28 поени пред Розберг на почетокот на вториот дел од сезоната.

-Прекрасно е да се победи пред оваа фантастична публика. За мене ова беше еден неверојатен викенд и само можеме да се заблагодариме на тимот за работата која ја заврши. Ова е остварување на сонот, вели Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...