Алонсо контра Хонда!

Фрустрациите на Фернандо Алонсо никако да запрат. Шпанскиот возач на Мекларен-Хонда призна дека имал „засрамувачка“ трка во Сузука на домашната патека за Хонда, но ја отфрли можноста да се откаже пред крајот на договорот со британско-јапонскиот тим.

Двократниот светски шампион преку радиото порача дека е побавен од ГП2 болид, нешто што шефовите во Хонда не сакаа да го слушнат и заврши на 11. место.



„Се чувствувам засрамен кога се тркам бидејќи е фрустрирачки да гледаш како некој излегува од патеката, прави грешки и завршува пред тебе! Дефицитот во моќта е како да возиме во друга категорија. Единствено позитивно е што ја завршивме трката и што може да добиеме позитивни информации од тоа. Следната година мораме да смениме многу работи. Позитивните вести ќе дојдат следната година, не следната недела“, вели Алонсо.

Претседателот на Мекларен, Рон Денис призна дека не му се допаѓала комуникацијата на Шпанецот.

„Не можам да одобрам такви работи. Тоа не е професионално. Би сакал нашите возачи пред сè да бидат професионални. Такви коментари не се конструктивни“, изјави Денис.

ТВ бојкот за Мерцедес?

Не-извршниот директор на Мерцедес, Ники Лауда вели дека планира да зборува со Ф1 шефот Берни Еклстоун за „недостатокот“ на ТВ пренос од неговиот тим на Јапонското ГП. Лауда и Тото Волф по трката во Сузука се прашуваа зошто нивните болиди добиле толку малку ТВ време чувствувајќи дека се појавиле само на стартот.



„Беше навистина смешно. Гледав ТВ цел ден и видов многу Заубери и болиди на Хонда, навистина не знам зошто. Ќе се сретнам со Берни следната недела и ќе го прашам што е причината. Дури влегувањето во боксот на Луис, кој беше лидер, не го видовме целосно“, вели Лауда.

Волф изјави дека не знае што треба Мерцедес да направи за да добие малку внимание.

„Во текот на трката не бев сигурен каде сме. Не ги гледавме нашите болиди. Нашиот прв приоритет е да победиме, ако тоа не е доволно, тогаш не знам што е. Не знам дали сме го налутиле Берни“, изјави Волф одговарајќи на коментарите дека Еклстоун „враќа“ за нивното одбивање да се склучи договор



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...