Што се случува во Мекларен?

Мекларен-Хонда беа во фаза на „топење“ на Јапонското ГП во Сузука откако претседателот на компанијата Рон Денис инсистираше дека Џенсон Батон и Фернандо Алонсо ќе останат во тимот и следната сезона, по што двајцата возачи го демантираа Англичанецот.

И покрај убеденоста на Денис дека успеал да го разубеди Батон да не замине во пензија, некои шпекулации велат дека во 2016 тимот може да остане без своите двајца поранешни шампиони. Тимот и така е во голема криза со една од најлошите сезони во историјата, но без Батон и Алонсо, сигурно ќе се случи и криза на спонзорите, по што повторно под знак прашалник ќе биде позицијата на Денис, нешто што се случи и во минатото.



Шпанецот Алонсо беше гласен во критиките на снабдувачот на мотори Хонда во Сузука, на нивната домашна патека, така што е под сомнеж неговиот тригодишен договор. Позицијата на Батон е потешка за утврдување, бидејќи шпекулациите велат дека главниот проблем е неговата голема плата.

68-годишниот Денис на еден час пред трката изјави дека му понудил на Батон целосно зголемување на платата, од 8 на 12 милиони фунти по сезона, и додаде дека зборувал со возачот во четвртокот, само четири дена пред 35-годишниот Батон да изјави дека веќе одлучил што ќе прави.

„Џенсон ќе биде во Мекларен следната година. Тоа што не го кажав тоа јасно и на Џенсон е можеби моја грешка“, зијави Денис.



Батон призна дека се случиле многу работи во Сингапур.

„Има многу работи кои се случуваат. Ништо не е едноставно како што има некои коментари. Затоа сега не кажувам ништо повеќе. Сакам да имам конкурентен болид ако бидам тука следната година. Ако го немам? Кој знае?“, изјави Батон.

Ситуацијата околу Алонсо е можеби уште покомплицирана. Во Јапонија тој за британските медиуми изјави дека не е сигурен дали ќе остане во тимот и во 2016 година, за потоа да се јави со официјално соопштение.

„Никој не смее да се сомнева дека имам три години со Мекларен и дека мојата Ф1 кариера ќе заврши со овој тим, се надевам со сите титули. Хонда ја има мојата целосна поддршка“, изјави Алонсо.

Болидот на Мекларен-Хонда е еден од најслабите во Ф1, со само малите Мејнор Марусја зад нив, нешто што конечно го изнервира Алонсо толку што преку радиото праќаше засрамувачки коментари.



„Ова е навистина засрамувачки! ГП2 мотор. Како да имаме ГП2 мотор“, врескаше Алонсо.

Денис изјави дека коментарите на Алонсо се „непрофесионални“, меѓутоа изворите од Мекларен велат дека е потребно да се постави притисок на Хонда поради слабата моќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...