Фетел очекува многу во 2016

Себастијан Фетел ги отфрли тврдењата на Ники Лауда дека моторот на Ферари оваа година е еднаков по моќта со тој на Мерцедес.

Оваа сезона Мерцедес повторно доминираа во Формула 1, и тие веќе ги имаат обезбедено двете светски титули. Но, и покрај ова, директорот на тимот, Лауда, изјави дека Ферари сега имаат еднаква моќ како нивниот мотор иако имаат само три победи. Лауда додаде дека предноста од 20 коњски сили која ја имаше тимот на „Сребрената стрела“ во 2014, ја нема во 2015.



„Фактот е деке сè уште не сме израмнети бидејќи да беше така како што зборува Ники сезоната ќе беше соема поинаква. Меѓутоа, јас сум задоволен од прогресот оваа сезона и од работите кои мислам дека ги имаме за следната сезона“, вели Фетел.

Тој сепак, беше охрабрен што Австриецот зборува за предизвикот кој Ферари го претставува бидејќи тоа значи дека тие се на добар пат.

„Сега, Ники обично не е човек чие мислење треба да се следи, бидејќи го менува мислењето многу бргу. Понекогаш тоа што го зборува има смисла, а понекогаш навистина не. Но, колку повеќе зборува за нас, тоа е подобро бидејќи тој можеби чувствува дека сме блиску до нив“, додава Фетел со насмевка.

Тој останува реален за шансите Ферари да ги совлада Мерцеде следната сезона. Оваа година тој по сè изгледа ќе заврши како трет во генерален пласман, ако не успее да ја надмине предноста од 21 поен на Нико Розберг во последните две трки, во Бразили во Абу Даби. За следната година тој вели дека изгледа „ветувачки“, но признава дека никој не знае што ќе се случи.



„Секогаш е тешко да се предвиди што ќе се случи, меѓутоа нашата цел е да ги победиме Мерцедес. Гледам што се работи во позадината на тимот, работата која се заврши оваа сезона и работата која нè чека за следната година во фабриката во Маранело. Се изгледа ветувачки, и би требало да направиме добар чекор напред. Но, најважниот ден е тој кога го поставуваш болидот на патеката и ќе видиш што може“, додава Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...