Две години подоцна - како навистина е Шуми?

Како е Михаел Шумахер? Одговор на ова прашање нема ниту две години по неговата страшна скијачка несреќа. Фановите од целиот свет би сакале да чујат добри вести, или барем вести за седумкратниот Формула 1 шампион.

Во вторникот се одбележа втората годишнина од неговиот пад на скијањето во Мерибел, Франција, каде што доби сериозни повреди на главата, и семејството Шумахер и неговиот менаџер Сабине Кем во последните две години не дадоа воопшто информации за состојбата на Германецот.

Неговиот екс-менаџер, Вили Вебер, ја обвини сопругата на Шумахер, Корина, дека му забранува да го посети Михаел. Вебер го објави ова на Фејсбук на Божиќ, тврдејќи дека „страда“ во рацете на семејството Шумахер.

„За жал, јасно е од тоа што го објавив дека Корина не ми дозволува контакт со Михаел. Се обидов десетина пати да добијам дозвола за посета без успех. Ситуацијата е ужасна и за мене. Нашите семејства беа тесно поврзани 25 години и сега не можам да ја разберам постапката“, изјави Вебер во интервју за германскиот весник „Билд“.

Приватноста секогаш била важна за Шумахер дури и во деновите кога беше Ф1 шампион и неговиот адвокат, Феликс Дам во понеделникот изјави дека јавноста не треба да чувствува дека е неопходно да добива информации за неговото опоравување.

ШТО ТОЧНО ЗНАЕМЕ?



Шумахер беше повреден на 29 декември 2013 година кога беше на одмор со неговите пријатели и дел од семејството во Француските Алпи, каде што имаше викендичка. Шуми носеше кацига и удри во карпа на неозначениот дел од патеката во Мерибел, по што беше однесен во болницата во Гренобл со „сериозна повреда на главата, која бараше итна неврохируршка интервенција“. Следниот ден докторите ја опишаа ситуацијата како „екстремно сериозна“, по што беше на втора операција за да се намали отокот во мозокот.

Оттогаш информациите се ретки. Во април 2014, семејството издаде соопштение во кое потврди дека Михаел имал „моменти на свесност и будење“. Три месеци подоцна се потврди дека тој не е во кома и дека заминал од болницата во Гренобл. Три месеци подоцна - во септември 2014, беше потврдено дека тој е префрлен од болницата во Лозана во семејниот дом на брегот на езерото Женева.

Во мај оваа година менаџерот Кем изјави дека тој „прави прогрес“, но дека фановите мораат да ја сфатат „сериозноста“ на повредата. Оттогаш имаме уште помалку информации. Претседателот на ФИА, Жан Тод, по посетата на Шумахер изјави дека тој „се уште се бори“, додека Рос Браун, уште еден негов соработник од славните денови во Ферари изјави дека „се моли секој ден“ за неговата состојба и дека „секогаш има надеж“.

ПРИВАТНОСТА ОСТАНА ЗАШТИТЕНА



Сепак, мора да се согледа и страната на неговото семејство. Во тие страшни моменти во декември, еден новинар се облече како свештеник во обид да влезе во собата на Шумахер. Минатиот август, вработен во швајцарската хеликоптерска компанија која го пренесуваше Шумахер од Гренобл во Лозана беше пронајден обесен во неговата затворска келија откако беше уапсен за кражба на неговите медицински картони. Летото, пак, фотографи кампуваа во шумите околу домот на Шумахер, и со дронови се обидуваа да обезбедат фотографии.

Додека околу Михаел Шумахер нема вести, неговите деца влегуваат во очите на јавноста. Неговата ќерка Џина се натпреварува во коњички спорт - вестерн-јавање и тие ќе бидат организатори на ЕП следната година, додека 16-годишниот син Мик ги прави првите чекори во автомобилизмот. Тој настапуваше во германскиот Формула 4 шампионат, во кој оствари една победа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...