Рено не сака „разводнети“ правила за 2017

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, побара од тие кои ги носат правилата да донесат нов сет на регулативи со кои спортот ќе стане поекстремен од 2017. На планот е забрзување на болидите, но преговорите се во застој бидејќи се верува дека нема да има доволно време да се направат гуми за повисоки брзини. Крајниот рок за договор е 1 март.

Стратешката група во Ф1, во која се шест тима - Ферари, Ред Бул, Мерцедес, Вилијамс, Мекларен и Форс Индија, ќе се сретне на крајот на месецот да го одреди финалниот предлог и Абитебул побара од нив да направат големи промени.

„Ние не сме дел од Стратешката група, така што не сме на тие преговори. Од тоа што го знам, се плашам дека ќе имаме конзервативни решенија со кои ќе се избегнат промени бидејќи не сакаат да згрешат. Мислам дека е поопасно да не се направи никаква одлука. Би сакале да видиме амбиција, храброст и промени“, вели Абитебул.

Французинот посочува дека Ф1 мора да биде поинаков спорт и да се одвои од работите како зачувување на гумите и штедење гориво.

„Ние ги сакаме најбрзите болиди и најбрзите возачи. Не ни е грижа за другото. Не треба да се промовира издржливоста“, додава Абитебул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...