Алонсо: „Јас сум најбрзиот возач во Ф1“

Самоуверениот Фернандо Алонсо тврди дека би победил кој било возач доколку имаат сличен болид и сè уште не се откажува од сонот за трета светска титула.

Алонсо нема титула откако ги освои двете последователни трофеи со Рено пред 10 години и неговата одлука да замине од Ферари за Мекларен-Хонда минатата сезона засега се покажува како погрешна поради слабиот мотор на јапонскиот производител.

Шпанецот, чиј старт на 2016 беше нарушен со силниот судир на Австралиското ГП и забраната за настап на тркат во Бахреин, со Мекларен засега има најдобар пласман на петтото место.



„Секогаш се чувствувам самоуверено дека можам да победам кого било. Не верувам дека сум побрз од кого било на чиста брзина на квалификациите, на влажна патека, на сува патека, на квалификациите, на трките... Но, ако ме ставите во ист болид во ист момент и на иста патека со кого било, сигурен сум дека ќе ги победам. Можеби не сум најдобар во сите делови, но на крајот ќе ги победам“, изјави Алонсо во интервју со поранешниот Ф1-возачот Мартин Брандл за британската „Скај“.

Брандл тогаш го праша Алонсо дали кога ќе се погледне во огледало гледа возач кој ќе освои три светски титули, по што 35-годишниот Шпанец одговори: „Да, апсолутно!“.

Тој признава дека е „среќен што е жив“ по судирот со Естебан Гутиерез во Хас на првата трка од сезоната во Австралија, и додава дека не греши за одлуките што ги донел во кариерата бидејќи „никој нема кристална топка на која може да ја види иднината“. Алонсо беше втор во генерален пласман во 2010, 2012 и во 2013 година со Ферари, по што реши да направи трансфер во Мекларен, додека на неговото место Себастијан Фетел полека се враќа во форма со црвениот болид.

„Секогаш е лесно да се зборува по настаните, но ако смениш нешто тогаш, ќе се смениш самиот себеси. Одлуките кажуваат кој сум јас и како го живеам мојот живот. Среќен сум од тоа што сум во моментов. Знам дека можеби ќе имав повеќе трофеи во домот ако направев подобри одлуки, но кога ги правев верував дека се исправни. Ги следам моите инстинкти и тоа што ме прави среќен. Во кариерата возев за Рено, Мекларен-Мерцедес, Ферари и Мекларен-Хонда. Мислам дека секој Ф1-возач би се согласил со таков избор на крајот на кариерата“, додава Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...