Розберг брка четврта „домашна“ победа во Монако

Нико Розберг вели дека ќе биде „многу тешко“ да стигне до четврта победа едноподруго на Монако ГП и возачот на Мерцедес е подготвен за лута битка овој викенд.

Германецот победи на трите последни трки на тесните улици на Монте Карло и влегува во шестата рунда од 2016 со одлична предност од 39 поени пред Кими Раиконен во Ферари откако минатата трка не ја заврши по судирот со колегата Луис Хамилтон. Розберг вели дека конкуренцијата е „пеколна“.

„Беше навистина фантастично да се победи таму три години, но знам дека ќе биде тешко да се повтори со Луис, со Ферари и со Ред Бул толку силни во последните трки. Сепак, самодовербата е на високо ниво и очекувам голема битка“, вели 31-годишниот Розберг, кој имаше низа од седум победи пред „фијаското“ во Шпанија.



Розберг е еден од многуте Формула 1 возачи кои живеат во Монако, но за разлика од повеќето, тој го помина и детството во кнежевството како син на поранешниот Ф1 шампион, Финецот Кеке Розберг.

„За мене Монако е една од домашните трки и вистинска трка на која се покажуваат квалитетите на возачот. Тука пораснав и се уште живеам и денеска, така што ова секогаш е посебен викенд. Имам сеќавања од секоја кривина кога одев во училиште и посебно е убаво да се тркаш пред своето семејство, пријателите и фановите. Тоа ти дава мотив повеќе“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...