Рикијардо знае дека е на листата на Ферари

Асот на Ред Бул, Даниел Рикијардо вели дека знае дека е на листата на Ферари за потенцијална замена за Кими Раиконен, ако италијанскиот тим не го обнови договорот на финскиот ветеран.

Ферари сè уште размислува дали да го задржи Раиконен за четврта сезона или да бара нов колега за Себастијан Фетел. Рикијардо, кој има цврст договор со Ред Бул за следната сезона, е името кое најмногу се споменува како негова замена.



„Исто како и лани. Сфаќам дека ако ќе прават промена јас сум еден од возачите на листата. Дали сум единствен возач на таа листа? Најверојатно не. Дали сум нивни прв избор? Не знам. Не ми кажуваат јасно ништо. Прво треба да се ослободат со Раиконен, а не ми се јавија да ми кажат дека се заинтересирани за мене. Свесен сум дека се заинтересирани и тоа е супер. Но, освен тоа што е кажано во медиумите, не знам ништо друго“, вели Рикијардо во интервју за британскиот „Аутоспорт“.

Ако се приклучи на Фетел во Ферари, тоа е обновување на партнерството од 2014, кога Рикијардо покажа повеќе од тогашниот актуелен шампион во Ред Бул. Неодамна, Фетел изјави дека не би му претставувало проблем да вози покрај Австралиецот.

„Не ми пречи Даниел. Тој ми се допаѓа, тој е силен возач“, изјави Фетел.

Рикијардо исто така не се плаши да биде колега со четирикратниот светски шампион, меѓутоа би сакал да има болид со кој би се борел за титулата.

„Не би одбил таква понуда, но само за светска титула. Ако би требало да бирам колега само да имам различен колега тогаш би сакал да се обидам против Луис Хамилтон или Фернандо Алонсо“, вели Рикијардо.

Тој призна дека бил сомничав и внимателен пред да дојде во Ред Бул како замена на неговиот сонародник Марк Вебер, кој имаше неславно партнерство со Фетел.

„Поради сè што му се случи на Марк бев внимателен со Себ како партнер. Но, на крајот тоа беше солидно и сезоната беше одлична. Тој никогаш не правеше изговори и кога го победував ми честиташе како човек. Тоа е добар колега“, додава Рикијардо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...