Шуми пред 25 години првпат возеше во Спа

Пред 25 години Формула 1 фановите имаа шанса да ја видат првата епизода во најуспешната кариера во историјата на спортот, кога релативно непознат млад Германец со име Михаел Шумахер дебитираше за тимот на Џордан на Белгиското ГП во 1991 година

Во трка во која Ф1 легендата Аиртон Сена ќе стигне до победата на трката на 25 август, тимот на Џордан му даде шанса на Шумахер да покаже што знае. Тој дојде во тимот како замена за Бертран Гашо, кој во тој момент беше во затвор по „пресметка“ со такси-возач во Лондон.



Германецот имаше неверојатни перформанси во квалификациите за да го освои седмото место, веднаш зад великаните како Алан Прост, Најџел Менсел, Герхард Бергер и Сена, кој ќе стане шампион таа сезона. Тој имаше уште подобар старт, поминувајќи го Жан Алези, но трката заврши со агонија во првиот круг по проблеми со квачилото.

„Со дебито на Михаел во Формула 1 почна новата ера во Формула 1. Тој потоа стана ѕвездата коај ги водеше новите моторспорт генерации“, вели поранешниот шеф на Мерцедес Моторспорт, Норберт Хауг.

Спа, патеката на Ардените, која многумина ја сметаат за патека на која квалитетот на возачите најдобро се познава, ќе стане исклучително важна во кариерата на седумкратниот светски шампион. Следната година, во 1992 година, тој ќе ја прослави својата прва победа во кариерата, додека во 2004 година ја освои најбрзата титула во историјата на Ф1, која на крајот ќе биде и негова последна.

„Иако беше невозможно тогаш да се знае дека Михаел ќе стане најуспешниот возач во историјата на спортот, можевте да се обложите дека ќе биде силен возач“, вели поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод, кој од 2009 година е претседател на ФИА.

Сегашната состојба на Шуми е тешка и тажна за неговите фанови и, секако, за неговото семејство. Шумахер доби сериозни повреди на главата при пад на скијање во Француските Алпи во декември 2013, по што беше неколку месеци во кома. Од 2014 тој живее во својот дом во Швајцарија, а вестите за неговата состојба се многу ретки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...