Една недела за спас на Мејнор Ф1

Шансите на Мејнор Ф1 да ја почне сезоната 2017 се се помали откако се тврди дека тимот има само една недела да најде купувач. „Џаст рејсинг сервисис“, компанијата која го води тимот, влезе во стечај минатата недела откако не успеаја да најдат инвеститор.

И покрај незавидната ситуација, болидот за 2017 година веќе се изработува во седиштето во Банбјури, но доколку тимот замине во стечај, нема да може да се произведуваат делови бидејќи се блокирани сите дополнителни трошоци на тимот освен основното исплаќање на платата. Според „Аутоспорт“, Мејнор мора да најде нов сопственик до 20 јануари.

Техничкиот директор на тимот, Џон Меккилијам, е последната надеж на тимот откако се потврди дека тој уште е во Банбјури и покрај извештаите дека си поднел оставка како директор на Мејнор ГП на 30 декември. 54-годишниот Меккилијам е во тимот од времето кога тој беше познат како Вирџин Рејсинг, приклучувајќи се како главен дизајнер на почетокот на 2009 година, пред во февруари 2015 да стане технички директор. Се верува дека тој има врски со американскиот бизнисмен Таво Хелмунд (кој беше клучен човек во враќањето на Ф1 во САД со Американското ГП во Остин), кој уште е заинтересиран да го преземе тимот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...