„Либерти“ најавува нов начин на водење на Формула 1

Берни Еклстоун е тргнат од позицијата шеф на Формула 1 бидејќи на спортот му е потребен „нов старт“, вели новиот претседател Чејс Кери. Американецот Кери ја доби довербата од новите сопственици „Либерти медија“ да биде првиот човек на спортот по преземањето вредно 8 милијарди долари.

„Имам огромна почит кон Еклстоун, но Формула 1 мора да биде поинаку воден спорт отколку во последните четири или пет години. Берни е тим од еден човек. Тоа не е добро во сегашниот свет. Носењето одлуки не е толку ефикасно колку што треба. Јасно ни треба подобрување на повеќе полиња“, вели Кери.

Покрај Кери, досегашната работа на Еклстоун ќе ја вршат и екс-шефот на ТВ-мрежата ЕСПН, Шон Бречис, кој е одговорен за комерцијалните договори и поранешниот шеф на Ферари, Мерцедес и Браун ГП, Рос Браун, кој ќе биде одговорен за спортската страна и за правилата.

Кери вели дека од септември досега одлучил дека 86-годишниот Еклстоун веќе не е исправната личност да го води спортот.

„Потребен ни е спорт кој освен тоа што ќе го почитува тоа што е направено во историјата, ќе има и смисла за енергија и иновации. Поедноставено, спортот кажуваше ’не’ премногу и затоа сега треба да почне да кажува ’да’. Не со трикови, туку со начин да се обезбеди растот на спортот. Претпоставувам дека ова е тешко за Берни бидејќи го водеше спортот целиот живот. Тој се нарекуваше диктатор. Го водеше спортот како диктатор предолго и сега е потребна нова перспектива. Сепак, Берни останува секогаш член на Ф1-семејството“, додава Кери.

БРАУН: „ЌЕ ГИ ПОЕДНОСТАВИМЕ РАБОТИТЕ“

Рос Браун, човекот кој ќе биде задолжен да ги „крои“ новите спортски правила во Формула 1, верува дека рецептот за здрава иднина е поедноставување на правилата.

„Јас ќе се грижам за спортската страна. Сакам да го развиваме спортот заедно со акционерите во спортот, тимовите и ФИА и да добиеме визија каде сакаме да бидеме во следните неколку години. Мислам дека знаеме што сакаат фановите - забава, блиско тркање и разбирање на правилата. Сите се согласуваат за тоа и сега треба да го најдеме вистинскиот пат до остварување на целта“, вели Браун.

Тој признава дека сегашните правила, а со тоа и трките, се непотребно комплицирани.

„Едноставноста треба да биде клучната цел за иднината. Ја следев Формула 1 последните неколку години како гледач и дури и јас понекогаш не сфаќав што точно се случува. Спортот е одличен, фантастична комбинација на возачи, болиди и различни карактери. Но, сакаме тркање, кое не го видовме многу во последно време. Видовме големи конкурентски битки меѓу двајца возачи во ист тим, но тоа не е вина на Мерцедес“, објаснува Браун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...