Ред Бул ќе почекаат до јуни за нов мотор на Рено

Во Ред Бул очекуваат дека ќе мора да почекаат до Канадското ГП во јуни пред да добијат нова верзија на моторот од тимот на Рено.

Откако беа сметани за едни од главните фаворити да ги предизвикаат Мерцедес поради воведувањето на новите технички правила, Ред Бул беа резервирани на зимското тестирање, по што следуваше тешката трка во Австралија.

Макс Ферстапен се квалификуваше на петтото место со 1.297 секунди заостанување зад Мерцедес, а потоа ја заврши трката на истата позиција зад двајцата возачи на Ферари и Мерцедес и со 28 секунди зад победникот Себастијан Фетел.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, вели дека неговиот тим очекуваше подобрување на моторот на Рено на Шпанското ГП во мај, а потоа поголем чекор напред во Монтреал еден месец понатаму, но признава дека и РБ13 болидот мора да има подобрувања.

„Имаме многу работа пред нас. Брзината на трката не тера да мислиме позитивно, но покрај нашата работа, тука е и Рено. Монтреал ќе биде нивниот голем чекор напред. Нешто помалку во Барселона, но во Монтреал очекуваме многу“, вели Марко.

Рено за стартот на сезоната се врати на МГУ-К акумулаторот од 2016 година по постојаните проблеми на тестирањето. Запрашан дали францускиот производител ќе направи доволно за Ред Бул се врати во борбата со Ферари и Мерцедес, Марко не беше преголем оптимист.

„Се надеваме дека ќе биде така, но само ако ја подобриме нашата шасија драматично. Нашите инженери мислат дека тоа е можно“, додава Марко.

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, сакаше да го намали значењето на забраната на системот на суспензија на Ред Бул, но се согласува со Марко дека перформансите не зависат само од Рено.

„Тешко е да се каже, но овие работи доаѓаат во пакет. Можеби еднакво е важна шасијата и моторот. Развојот на болидот ќе биде клучен во 2017 и нашиот дизајнерски тим мора да работи напорно“, изјави Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...