Ф1 ризикува да ги загуби Ред Бул по 2020 година

Консултантот на Ред Бул, Хелмут Марко вели дека Ф1-шефовите мораат да најдат решение за независни мотори за 2021 година, и тоа во текот на 2017 година, бидејќи ризикуваат да го загубат нивниот тим. На состанокот помеѓу ФИА и производителите на автомобили вклучени во спортот и тие надвор од него, беше согласено дека сегашните В6 турбо-хибридни мотори треба да бидат сменети со поефтини, поедноставни и побучни мотори од 2021.

Но, во интервју за официјалниот веб-сајт на Формула 1, Марко предупреди дека новите сопственици на спортот, „Либерти медија“ мораат да имаат план до крајот на годината кој вклучува решенија за независни мотори за да ги заддржат двата тима на Ред Бул (Ред Бул Рејсинг и Торо Росо) во шампионатот. Двата тима во моментот користат мотори на Рено.

„Најдоцна до 2021 година мора да имаме независен снабдувач на мотори во Формула 1. Ова е повеќе од потребно, а моторот мора да биде едноставен, бучен и да чини под 10 милиони евра. Зборуваме за помалку софистициран мотор од тој кој го користиме сега - едноставен тркачки мотор. Има доволно компании кои се заинтересирани, така што очекуваме новите сопственици заедно со ФИА да најдат решение. Ако тоа не се случи, нашето останување во Ф1 не е сигурно“, вели Марко.

Ред Бул, како и другите девет тимови во Ф1 имаат договор за останување во Ф1 до 2020 година. Тие имаа доминантна серија со Рено освојувајќи четири титули во низа, но турбо-хибридната ера ги стави во втор план зад Мерцедес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...