Иџе остана без подиум на Хунгароринг

Македонскиот натпреварувач во ЕТЦЦ-шампионатот, Игор Стефановски-Иџе, не успеа да се пласира на подиумот на втората трка во Хунгароринг.

„Летачкиот“ Македонец на првата трка заврши четвртопласиран, додека, пак, на второто возење, каде што стартуваше од опашката, заврши под бројот осум.

Претходно, во саботните квалфикации, тој финишираше на петтото место, но по дисквалификацијата на Александар Артмејев од Казахстан, имаше подобрување од едно место.

„Имав солиден викенд, но секогаш може подобро. Во секој случај,повторно покажавме дека сме меѓу најдобрите тимови на овој шампионат и со малку подобар сетап на болидот и со спортска среќа, можеме да се искачиме и на толку посакуваниот подиум“, изјави Иџе.

На второто возење, најдобар беше Швајцарецот Кристјохансен Шрајбер, додека, пак, на позицијата број два заврши токму Артмејев. Победничкиот пиедестал на втората трка го комплетираше Норберт Наѓ од Унгарија.

Со овие две трки, Иџе на своето конто додаде нови пет поени на контото во генералниот пласман и сега ги има вкупно 15, со што се наоѓа на петтото место.

Наредната трка ќе се вози веќе идниот викенд, и тоа во Нирбургринг, кој со својата должина од повеќе од 20 километри со право се нарекува и „зелениот пекол“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...