Палмер нема одговори, Рено го подготвува Кубица?

Рено сѐ погласно најавува дека Роберт Кубица може да направи кам-бек во Формула 1 на местото на неговиот британски возач Џолион Палмер, кој оваа година разочарува со резултатите и нема прогрес.

Директорот на тркачки операции на Рено, Алан Пермејн, смета дека Кубица покажал дека е доволно брз за кам-бек во Ф1 на тестирањето во Валенсија, каде што возеше болид на Лотус од 2012 година, во својот прв Ф1-тест од прекинот на кариерата по сериозната повреда на раката добиена при судир на рели-трка во Италија, во февруари 2011 година. Тој помина 115 круга на патеката, по што најави дека главната цел е „вистински кам-бек“.

Пермејн вели дека тестот поминал одлично и брзината била солидна, но дека најголемото изненадување се големиот број извозени кругови.

„Воопшто не се сомневав во брзината на Роберт, бидејќи тој не престана да вози и да се трка. Беше на симулатори, возеше ГП3-болид, но не знаевме какво е неговото ограничување. И помина навистина добро. Беше многу брз, и од тоа што го видов, брзината е тука. Има многу патеки на кои неговите физички ограничувања би пречеле, и тоа го знае и самиот“, вели Пермејн.

Повредата на десната рака на Кубица е фактор во одлуката на полскиот тркач, но Пермејн посочува дека Рено би требало да направи само „мала модификација“ на воланот за тој да може да вози во Ф1.

Со закани за неговата Ф1-иднина, Палмер, пак, вели дека „нема објаснување“ зошто уште нема освоено ниту еден поен оваа сезона. Откако лани, во деби-сезоната, имаше еден топ 10 резултат, тој оваа година нема поени, а неговиот колега, Германецот Нико Хулкенберг, веќе има 18 поени.

„Немам вистинско објаснување. Не верувам дека нешто сум направил погрешно, туку постојат некои ситници што ја прават разликата во Ф1. Едноставно, морам да возам најдобро што знам. Тоа што се случува на другиот крај од гаражата, не е многу важно“, изјави 26-годишниот Палмер.

Од друга страна, Рено го планирал тестот на Кубица „неколку месеци“, иако тој беше потврден од тимот дури откако се одржал.

„Искрено, не сакавме да предизвикуваме големо медиумско внимание. Знаевме дека многумина ќе бидат заинтересирани. Сите го сакаат Роберт и сите сочувствуваат за тоа што му се случи. Остануваме во контакт со него и разговараме за тоа што може да се случи во иднина. Немаме нови планови, но не можам да кажам дека нема да ги имаме во иднина“, изјави Пермејн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...