Батон: Никој не го познава Хамилтон

Џенсон Батон вели дека Луис Хамилтон не сака да има интеракција со другите Ф1-возачи и дека и покрај тоа што три години му беше колега во тимот на Мекларен, „не го познава најдобро“. Ова најдобро се покажа на „парадата“ на возачите на крајот од минатата сезона во Абу Даби, кога Хамилтон стоеше подалеку од другите возачи.

„Во однос на Луис како личност, навистина не го познавам толку добро и мислам дека нема возачи што го познаваат. Тој ја цени својата приватност во однос на другите возачи. Секогаш кога ќе зборувам со него, ОК е, пријателски, како што треба“, вели Батон.

Англичанецот додава дека немал лошо партнерство со сонародникот.

„Нашите заеднички години беа интересни, бидејќи тој беше неверојатно брз, но успевав да го победувам на некои начини. Беше интересно да се види како се сменил оттогаш. Најдобар беше во 2015 година, кога победи на 10 трки. Иако го имаше најбрзиот болид, беше неверојатно постојан и сигурен во своите квалитети“, објаснува Батон.

Самиот Хамилтон минатата година призна дека нема многу блиски односи со Ф1-возачите.

„Има почит меѓу возачите, меѓутоа јас сум тука да завршам работа, не да си играм. Не сум тука да разговарам и да правам некого среќен. Тука сум за титулата“, вели Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...