Хамилтон и Ботас се најдобри колеги во историјата?

Шефот на Мерцедес, Тото Волф уште еднаш ги пофали Луис Хамилтон и Валтери Ботас за нивното меѓусебно почитување.

„Сребрената стрела“ имаше „токсична“ ситуација последните сезони со Хамилтон и сега веќе пензионираниот светски шампион Нико Розберг, кои иако се познаваа од детството стануваа многу непредвидливи во борбата за титулата. Носењето на смирениот Финец Ботас од Вилијамс по одлуката на Розберг да се пензионира донесе смиреност во тимот.

„Валтери според мене, има перформанси над нашите очекувања. Кога решивме да го донесеме ги знаевме неговите квалитети, и тој ги исполни очекувањата и станува подобар со секоја наредна трка, што е убаво да се види. Но, најмногу ги надмина очекувањата во заедничката работа со Хамилтон. Двајцата се согласуваат, се почитуваат, на патеката и надвор од неа.Тоа е толку едноставна ситуација. Дали сте виделе такво нешто во некој друг тим, двајца ривали да се сложуваат така?“, се прашува Волф.

Поинаквиот пристап кон тимскиот колега беше посебно покажан на Унгарското ГП, кога возачите на Мерцедес ги сменија позициите „доброволно“ двапати. Прво, Ботас го пушти Хамилтон (кој беше побрз) на третото место за тој да ги „брка“ двете Ферарија пред нив, за потоа во последниот круг, Хамилтон да му ја врати позицијата и покрај тоа што тоа значеше помалку бодови во тесната битка за титулата со Себастијан Фетел.

„Личните односи меѓу Валтери и Луис се целосно различни од ситуацијата која ја имавме меѓу Нико и Луис. Работните односи се во целосно поинаква лига, и тоа носи поинаква динамика во тимот, бидејќи сите одлуки на возачите влијаат позитивно или негативно на тимот“, додава Волф.

Во Мерцедес се сигурни дека ќе одговорат на предизвикот во 2017, кога поради сменетите аеродинамички правила имаат вистински ривал во Ферари.

„Би кажал дека сме задоволни од перформансите. Бидејќи да ме прашавте во текот на зимскиот период дека ќе имаме шест победи и осум пол-позиции пред паузата, ќе го прифатев тоа. Но, имаше моменти кога беше многу потешко отколку што изгледа, бидејќи имавме тесни трки со Ферари. По сите промени мораме да се задоволни. Знаеме дека е тешко да се остане конкурентен по толку големи промени на правилата“, завршува Австриецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...