По Хамилтон, и Ботас го продолжи договорот со „Мерцедес“

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас го продолжи договорот со тимот за уште една година, со можност за натамошна соработка и во 2020 година, објави денеска „Скај“.



Ботас пред две години дојде од Вилијамс како замена за Нико Розберг, кој се пензионираше по освојувањето на титулата.

На тој начин Мерцедес го реши проблемот за пилотските позиции, бидејќи вчера објавија дека потпишале и продолжување на соработката со актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон.

Бидејќи Мерцедес нема да бара нов возач, Даниел Рикардо се очекува да го продолжи договорот со Ред Бул.

Ботас моментално е петти во шампионатот на возачите, а оваа сезона немаше среќа во одредени трки.

- Немавме среќа во трките оваа година, но тимот знае како возам, и ова е одличен знак дека тие имаат доверба во мене и моите настапи. Уживам да работам со тимот и со колегата Луис. Имаме добри односи, искрени, и секогаш сакаме да оствариме добри резултати за Мерцедес, истакна Ботас.

Првата година во Мерцедес, Ботас заврши на третото место во генералниот пласман, зад Хамилтон и Себастијан Фетел од Ферари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...