Хамилтон: Ќе ми недостaсува Кими

Луис Хамилтон призна дека Кими Раиконен ќе му недостасува од моментот кога ќе заврши кариерата на Финецот како пилот во Формула 1.

Се повеќе се зборува дека 2018 година ќе биде последна сезона за Раиконен, кој следниот месец ќе го прослави 39-от роденден. Луис уште еднаш потсети дека како дете бил фан на „Ледениот“ кој во својата кариера досега има 284 Гран При старта и една светска титула.



Сепак, од 2014 година, кога се врати во Ферари, тој не успеа да додаде уште една на 20-те победи досега. Неговото место се очекува да го преземе ѕвездата во подем, Шарл Леклер, кој е пилот од академијата „Скудерија“.

Леклер, роден во Монако, во моментов успешно се натпреварува во својата прва сезона во Ф1 за тимот на Саубер, кој ги користи моторите на Ферари.

- Кими ќе ми недостасува сигурно кога веќе нема да се натпреварува со нас. Тој ќе недостасува на целата Формула 1 и тоа е јасно на сите. Неодамна споменав како уште пред да влезам во Формула 1, секогаш играв на мојот PlayStation и секогаш избирав да се натпреварувам за Мекларен со Раиконен и си замислував дека еден ден ќе бидам на негово место. Неговата кариера е исклучителна и се гордеам дека ја имам можноста да се натпреварувам против него веќе толку години, изјави актуелниот шампион.

Тој сепак не гледа причина зошто треба да се откажува.

- Без проблеми може да се натпреварува уште неколку години, заврши Британецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...