Вуков: Лекцијата Монако е научена, одиме понатаму

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков се врати од првата трка што ја возеше во Порше Суперкуп, за која вели дека била голема лекција за него.

Вуков за прв пат возеше на патека со многу свиоци низ улиците на кнежевството, воедно промовирајќи се и како прв македонски возач што учествувал во трка која се вози на оваа локација.

- Имав само 10 круга тренинг во четвртокот, а потоа следеше излетувањето во првиот круг од квалификациите. Ме понесе желбата да направам подобар резултат, бидејќи квалификациите се клучни за секоја трка што се вози низ улиците на Монте Карло, што се должи на фактот дека нема многу шанси за престигнување. Сепак, она што сите го кажуваат дека во природата на оваа патека е да биде сурова, бидејќи нема зони за излетување и бариерите се премногу блиску до асфалтот, јас го научив на сопствена кожа. Стартував како последен и не сакав да направам уште една грешка, бидејќи тимот направи се што можеше да го подготви автомобилот за трка. Нов инцидент ќе го компликуваше мојот следен тест на Хунгароринг идната недела, па затоа единствена желба ми беше да го доведам автомобилот до целта без оштетувања. Својата шанса ќе ја барам во следните настапи, изјави Вуков.

Официјално, тој трката ја заврши на 18. место од 29 возачи кои стартуваа, со резултат околу 15 секунди зад победникот.

По најавениот тест во Унгарија, Вуков ќе се подготвува за следниот настап на 2 јули во Австрија, на патеката „Ред Бул Ринг“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...