Мерцедес ја смирува „војната“ во тимот

Од тимот на Мерцедес ќе ги остават Луис Хамилтон и Нико Розберг да ги смират емоциите пред да бараат решение за контроверзите по судирот меѓу двајцата на Белгиското ГП

Инцидентот во вториот круг го остави Хамилтон со дупната гума и предизвика негово откажување, додека Розберг се врати по оштетеното предно крило за да заврши втор. По трката во Спа, страстите беа на ниво на вриење, и Хамилтон го обвини Розберг дека намерно го удрил за да „докаже поента“.

„Ќе одлучиме што да правиме кога сите ќе бидат во посмирен умствен склоп. Секако дека сум разочаран од тоа што се случи и Нико треба да знае дека згреши“, вели шефот на тимот Тото Волф.

Даниел Рикијардо во Ред Бул стигна до победата во неделата, но повлекувањето на Хамилтон го остава дури 29 поени зад Розберг, со 200 за освојување во следните седум трки. Волф признава дека филозофијата на слободно тркање во тимот ќе се смени, но додаде дека не очекувал вакво влошување на односите меѓу двајцата возачи.

„Мислев дека поради тоа што претходно возеа еден против друг, ќе знаат како да не дојде до оваа точка. Но, сега дефинитивно е потребно менаџирање на ситуацијата“, објаснува Волф.

Тој исто така вели дека коментарите на Розберг при состанокот во тимот во кои наводно му кажал на Хамилтон дека намерно го удрил се погрешно интерпретирани.

„Двајцата се согласија да не се согласат во многу жешка дискусија, но немаше намерно удирање. Тоа се глупости“, објаснува Волф.

Релативно минорниот инцидент во вториот круг ќе беше заборавен пред крајот на трката доколку не постоеја импликациите за скриен мотив, а последиците можат да бидат катастрофални за „Сребрената стрела“. Розберг беше јасно незадоволен по Унгарското ГП и контроверзните тимски наредби, но резултатот донесе до овој конфликт по кој ништо нема да е исто во сезоната 2014.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...