Фетел учи лекции во поразот

Себастијан Фетел вели дека една од предностите на тоа што има сезона без победи досега е дека лекциите од поразите се вредни. И покрај ова, тој не се откажал од можноста за победа во 2014.

Фетел се мачи со новиот болид на Ред Бул оваа сезона, а работата е усложнета со трите победи на Даниел Рикијардо во неговата прва сезона како негов колега. Фетел, со 4 титули и 39 победи од 2008 година, не е човек кој е навикнат на порази, но вели дека сегашната ситуација може да помогне во иднина.

„Да, нормално, повеќе би сакал да победувал сега, но имаме уште трки пред нас и ќе се обидам да победам. Не сакам да бидам победуван, а тоа се случува многу оваа година. Но, тоа е дел од спортот, дел од животот. Секогаш можеш да научиш нешто од победите, но исто така секогаш можеш да научиш од поразите. Мислам дека научив многу во оваа тешка година, но самодовербата е на високо ниво кај мене и кај тимот“, одговара Фетел на прашањето дали се откажал од победи во 2014.

Името на Германецот продолжува да доминира во Ф1 медиумите, со сé поголем број шпекулации кои го поврзуваат со трансфер во Ферари, во едноставна замена за Фернандо Алонсо. Само две недели претходно Фетел беше „сигурен“ во трансферот во Мекларен и сега вели дека ништо не се менува.

„Не размислувам поинаку во последните неколку недели и нема да добиете друг одговор ако повторно го поставите прашањето. Тогаш беа други луѓе, но прашањата беа исти. Имам многу работа да завршам тука во Ред Бул бидејќи ова не беше најдобрата сезона. Имам договор и ништо не е сменето. Односот кој го имам со тимот е навистина посебен, тие се зад мене од мојата 12-та година. Невозможно е да се предвиди што ќе се случи во иднина, но не верувам дека ќе се смени нешто во мојот однос со тимот“, додава Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...