Ред Бул: „Предноста на Мерцедес се намалува“

Од тимот на Ред Бул не се сомневаат дека разликата во перформансите со Мерцедес се намалува, но остануваат сомнежите дали таа предност може да се надмине пред крајот на сезоната. Шампионите стигнаа до двоен подиум во Сингапур минатата недела со Себастијан Фетел и Даниел Рикијардо зад победникот Луис Хамилтон во Мерцедес.

Шефот Кристијан Хорнер вели дека во Сингапур разликата меѓу двата тима била далеку помала од таа во претходнтие трки.

„Разликата со Мерцедес се покажа искривено поради различните резултати на нашите стратегии. Во првиот дел Себастијан можеше да му парира на Луис, и мислам дека тој избега 7 секунди пред влегувањето во боксот. Тие не правеа предност од секунда по круг како претходно, така што бевме поблиску“, вели Хорнер.

Запрашан дали Ред Бул можат да ја намалат разликата пред крајот на сезоната, Британецот не беше сигурен.

„На патеки како таа во Сингапур можеме да бидеме поблиску, но реалноста е дека разликата во коњските сили е голем фактор. Некои патеки кои доаѓаат како Абу Даби, а можеби и Сочи, ќе ја покажат нивната сила. Клучно за нас е да ја завршиме работата во текот на зимата и следната сезона да стартуваме без разлика“, вели Хорнер.

Мерцедес имаат 174 поени предност пред Ред Бул во пласман на конструктори, додека Рикијардо заостанува 60 поени зад Хамилтон во генерален пласман.

„Поради нивната шокантна постојаност, сé уште сме во трката за титулата. Но, ние ќе имаме казна поради моторите со Себастијан, а Мерцедес најверојатно нема да го имаат тоа. Технологијата е доволно зрела да нема проблеми“, додава Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...