Алонсо: „Сакам резултати подобри од 10. место“

Фернандо Алонсо признава дека има измешани чувства за заминувањето од Ферари по петгодишна соработка, но во резултатите на својот екс-колега Фелипе Маса во 2014 гледа пример кој сака да го следи.

Алонсо и неговиот колега Кими Раиконен завршија на 9. и 10. место на последната трка од сезоната во Абу Даби по една од најлошите трки во и така лошата сезона за Скудерија, во која првпат од 1993 година немаат барем една победа.

„Чувствата се измешани. Секако, тимот ќе ми недостасува, момците ќе ми недостасуваат. Во Ферари има фантастични луѓе. Секогаш си фаворит, секогаш си во очите на луѓето како ривал за титулата, и тоа не е лоша работа. Морам да си заминам со одредена гордост, со главата нагоре бидејќи се борев до крајот. Секој возач би требало да се обиде да вози за Ферари барем една година бидејќи се работи за уникатна работа. Но, јас посакувам резултати подобри од 10. место. Мислам дека лани му беше тешко и на Фелипе да се збогува со тимот, но сега беше втор на подиумот, а ние сме 10“, вели Алонсо.

ШЕГА ЗА „МАРЛБОРО ЧОВЕКОТ“ НА ФЕРАРИ

И покрај овие зборови, Алонсо не чекаше многу да се дистанцира од тимот на Ферари и покрај петте сезони во италијанскиот тим.

Шпанскиот возач отворено се смееше на последната смена во Маранело откако шефот Марко Матијачи беше заменет со Маурицио Аривабене, кој досега работеше во тутунскиот гигант Филип Морис.

Алонсо во друштво со својот долгогодишен менаџер и пријател Флавио Бриаторе позираат со отворена кутија Марлборо и со голема насмевка, во очигледен потег кон Аривабене.

Покрај тоа, италијанските медиуми исто така објавуваат дека по крајот на трката во Абу Даби минатата недела, Алонсо симболично веќе не е следбеник на официјалниот Твитер профил на Ферари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...