Тимот на Мекларен, како и сите други Ф1 тимови се подготвува за стартот на зимското тестирање на кое ќе се добие прв сигнал за подготвеноста за новата сезона.
Фернандо Алонсо, повратникот во Мекларен, веќе беше на првата фото-сесија во униформата за старо-новиот тим, со забележително помалку реклами на својата опрема.
Со него не се ниту Хуго Бос (Мерцедес), ниту Сантандер (Ферари), кои решија своите спонзорски пари да ги даваат во други тимови.