Враќање на „граѓанската војна“ во Мерцедес

Розберг беше налутен по трката тврдејќи дека неговиот колега Хамилтон му ја „уништил“ трката со туркање во Себастијан Фетел во средината на трката, додека од менаџментот на Мерцедес сметаа дека Британецот не направил ништо погрешно. По состанокот, нов кризен за тимот на Мерцедес, Розберг вели дека го надминал разочарувањето.

„Беше многу интензивно по трката, но седнавме и добро разговаравме и имаше многу констуктивни критики. Сега, тоа е дел од минатото и одиме напред кон Бахреин“, вели Розберг.



Германецот додава дека ќе му покажува повеќе почит на Хамилтон во иднина, кога ќе смета дека таа е заслужена, но исто така дообјасни зошто мислел дека е во право.

„Велите дека плачев? Океј, ќе го имам тоа во умот и ќе се обидам да покажам почит, кога таа е заслужена. Зошто не го нападнав Луис? Го сфаќам прашањето и знам дека е тешко да се сфати однадвор. Но, причината е во тоа што во првиот дел се обидов да го нападнам и тоа не функционираше и само ги уништив гумите и немаше смисла повторно да се обидам со Фетел зад мене бидејќи ќе го ризикував второто место. Единствена шанса за победа беше да се обидам да го претекнам на крајот на трката“, објаснува Розберг.

За Германецот, клучниот момент на трката биле саботните квалификации бидејќи со стартот од второто место не можел да направи повеќе.

„Несомнено најлошиот дел од викендот беше поразот од Луис во квалификациите. Тоа ми ја расипа трката, а разликата беше само 0.04 секунди. Следниот пат ќе морам да бидам побрз за 0.05“, завршува Германецот.

ВОЛФ СЕ ЗАКАНИ СО „ТИМСКИ НАРЕДБИ“

Шефот на тимот, Тото Волф, ги предупреди возачите дека Мерцедес може да почне да носи поцврсти одлуки од боксот доколку се смета дека победата е под закана од Ферари. Триумфот на Себастијан Фетел во Малезија беше „повик за будење“, а обвинувањата на возачите и однесувањето на патеката се неприфатливи.

Волф одби да го обвини Хамилтон, но посочи дека можеле да ја загубат трката ако Фетел излегол пред Розберг, а Хамилтон не ја завршил трката и се закани со „непопуларни“ радиопораки.



„Можеше да дојде до момент кога ќе моравме да бидеме остри преку радиото кажувајќи што е потребно да не се ризикува победата. Луис не направи ништо погрешно, но бевме блиску да му порачаме да забрза. Ако постои ризик Ферари да победи, тогаш ќе имаше непопуларни пораки. Тука не се работи за двајца луѓе на патека туку и за илјада луѓе кои работат на овие болиди. Ако треба да се вмешаме ќе го направиме тоа“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...