Ред Бул: „Ауди може да нè спаси од Ф1 излез“

Хелмут Марко, советникот на сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, уште еднаш се закани дека компанијата се повлекува од Формула 1 доколку не успеат да најдат конкурентен мотор, односно дека само Ауди може да ја „спаси“ Ф1 програмата.

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло минатата недела изјави дека неговиот добар пријател Матешиц му кажал дека ќе си замине доколку не ги убеди Ауди, во сопственост на Фолскваген групацијата, да влезат како производител.



Според своите високи стандарди, тимот имаше катастрофален старт на сезоната и главната вина ја најдоа во моторите на Рено. На Шпанското ГП в недела првпат оваа сезона немаше откажување на моторот на Рено, но перформансите на рамните делови беа драстично послаби од тие со мотори на Мерцедес и Ферари.

Марко вели дека не постојат формални преговори, но призна дека нема иднина доколку тимот не може да биде конкурентен.

„Ако немаме конкурентен мотор во блиска иднина, тогаш или Ауди доаѓа или ние си одиме. Има многу шпекулации, но официјално нема преговори. Фолскваген треба да одлучи кој е нивниот план, а потоа ќе видиме“, изјави Марко за Би-Би-Си.

Можноста Фолскваген да влезе во Ф1 се зголеми по заминувањето на Фердинанд Пих како претседател на компанијата минатиот месец, откако ја загуби борбата за моќ со извршниот директор Мартин Винтеркорн.

Ф1 шефот Берни Еклстоун вели дека тој прави сè што може тимот да не си замине.

„Ред Бул нема да си заминат. Тоа сакаме да го избегнеме. Можам да ја разберам нивната ситуација и искрено ниту јас не сум задоволен. Би било одлично Фолскваген да влезат“, изјави Еклстоун.



ХОРНЕР: „САМО ВРТИМЕ КРУГОВИ“

Поради проблеми со постојаноста, Даниел Рикијардо веќе има искористено четири мотори во оваа сезона, максималниот број кој е дозволен без казни. Вториот возач на тимот, Данил Квјат има три искористено мотори. Во споредба, возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг имаат искористено само еден мотор во пет трки.

Шефот на тимот Кристијан Хорнер вели дека сезоната е „речиси отпишана“ бидејќи тимот е заглавен во „ничија земја“.

„Не можеш да уживаш во ГП трка како таа во Шпанија, во која само возевме наоколу, а не се тркавме. Сакаме да го вратиме тоа. Фрустрацијата е во тоа што работите не се во нашите раце. Мораме да сметаме на партнерот. Многу е полесно да нпаравиш брз мотор постојан отколку постојан болид брз“, вели Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...