Олимпискиот оган низ Темза

Олимпискиот факел, што вечерва ќе биде внесен на главниот олимписки стадион, последниот ден од своето патување низ Велика Британија имаше низ реката Темза, на кралската барџа „Глоријана“. Овој брод, што учествуваше и во кралската парада за време на одбележувањето на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета во почетокот од јуни, се движеше со помош на 16 веслачи, јави дописникот на МИА од Лондон.

„Глоријана“ тргна утринава од кралскиот замок во Хемптон, резиденција на англискиот крал Хенри Осми, што се наоѓа покрај брегот на Темза, на југозапад од Лондон. Од таму, кралската барџа плови полека по реката, кон центарот на британскиот главен град и ќе запре кај Тауер Бриџ, еден од симболите на градот. Од бродот олимпискиот факел ќе биде префрлен во зградата на лондонскиот градски совет, каде ќе остане до вечер. Од таму олимпискиот оган, ќе биде префрлен до Стратфорд и до Олимпискот парк, за да биде внесен во Олимпискиот стадион, каде ќе гори се до завршувањето на Игрите на 12 август.

Факелот со олимпискиот оган го тргна своето патување низ сите делови на Велика Британија на 19 мај, од крајниот југозапад на Англија, областа Корнвол, каде беше донесен од Атина и античката Олимпија, каде беше првпат запален на 10 мај.

На своето 70-дневно патување по британските острови, олимпискиот оган мина 13 илјади километри, носен од преку осум илјади луѓе од разни возрасти, професии, меѓу кои цела низа познати поранешни и сегашни спортисти и јавни личности од светот на забавата, филмот и телевизијата.

Целиот вчерашен ден, огнот кружеше низ централното лондонско подрачје, поздравен од стотици илјади граѓани на главниот британски град. Во Хајд Парк, најголемиот лондонски парк, каде огнот го заврши своето патување, се одржа и голем спектакл на кој се собраа 60 илјади луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...