Отворени 30-те ЛОИ во Лондон

Со свечена церемонија на новоизградениот Олимписки стадион во Лондон доцна синоќа беа отворени 30. Летни Олимписки игри, на кои ќе учествуваат повеќе од 10.000 спортисти од 204 земји.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов присуствуваше на синоќешната церемонија одржана пред 60.000 гледачи, меѓу кои се наоѓаа повеќе од 80 шефови на држави и Влади, како и бројни личности од светот на шоу бизнисот.

Игрите официјално ги прогласи за отворени британската кралица Елизабета Втора, која на стадионот пристигна со хеликоптер од Бакингемската палата во придружба на актерот Даниел Крег, легендарниот британски филмски таен агент 007 Џејмс Бонд.

На отворањето на ЛОИ му претходеше спектакуларна тричасовна церемонија во која се вложени 27 милиони фунти, а манифестацијата под името „Островот на чудата“, со која е отсликана богатата историја на Велика Британија, ја режираше оскаровецот Дени Бојл.

Британците се потрудија во програмата која траеше еден час и половина да опфатат од индустриската и социјалната револуција, преку војните и книжевноста, па се до популарната култура, филмот и музиката.

Знакот за почеток на свечената церемонија го даде британскиот велосипедист Бредил Вигинс, трипати олимписки шампион и победник на годинешниот „Тур де Франс“, со удирање во 23 тони тешкото ѕвоно на Олимпискиот стадион. Церемонијата претставуваше одличен спој на минатото, сегашноста и иднината.

По обраќањето на претседателот на Организацискиот комитет на ОИ 2012 Себастијан Коу и претседателот на МОК Жак Рог, церемонијата заврши со палење на олимпискиот оган и настапот на легендарната британска музичка ѕвезда Пол Макартни.

Спортистите ќе се натпреваруваат во 29 спортови, а Игрите во Лондон ќе ги обезбедуваат повеќе од 18.000 британски војници.

Свечената церемонија за затворање на ОИ ќе се одржи на 12 август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...