На 29 август почнуваат Параолимписките игри во Лондон

Параолимписките Игри во Лондон почнуваат на 29 август со свечено отворање и ќе траат до 9 септември.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, овие Игри ќе се одржуваат на истите терени од штотуку завршената летна Олимпијада, во оние спортови во кои се натпреваруваат параолимпијците. На оваа Олимпијада ќе учествуваат 4.200 спортисти од целиот свет.

Веднаш по завршувањето на синоќешната церемонија на затворањето на 30-тите Игри, почнаа последните подготовки за следното големо олимписко натпреварување. Работниците не беа вклучени само во преуредувањето на главниот олимписки стадион, туку и на потребните спортски објекти и терени и во чистењето на Олимпиското село, каде досега престојуваа преку десет илјади спортисти од 204 земји и територии.

Олимпискиот парк одново ќе се преуредува по завршувањето на Параолимписките игри, кога ќе се демонтираат објектите и салите што нема да бидат потребни и нема да се користат понатаму. Меѓу нив се салата за кошарка и терените за хокеј на трева и за трки со велосипеди, а се уште не е одлучено кому ќе му припадне главниот олимписки стадион, околу кој се води „битка“ меѓу двата лондонски фудбалски клуба „Тотенхем“ и „Вест Хем Јунајтед“.

Целиот Олимписки парк по завршувањето на двете олимпијади, ќе се преименува во парк „Кралица Елизабета“, а прв пат ќе им биде предаден на користење на Лондончани на 27 јули 2013 година, на годишнината од свеченото отворање на летната Олимпијада.

Претседателот на Организацискиот комитет на Игрите, лорд Себастијан Коу изјави денеска дека во иднина на Лондон нема да му бидат потребни терените за 17 олимписки спортови, но нагласи дека сите други објекти и сето она што беше изградено и направено за двете олимпијади останува како трајно наследство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...