Голманот на Вардар Арпад Штербик по добриот настап и 13 одбрани против Барселона, се најде во идеалниот состав на 8.коло од Лига на шампиони во изборот на ЕХФ.
Тим на осмата рунда од елитното ракометно натпреварување:
голман: Арпад Штербик (Вардар),
лево крило: Мануел Линигер (Шафхаузен),
лев бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ),
среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед),
десен бек: Лука Шебетиќ (Загреб),
десно крило: Виктор Томас (Барселона),
пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем).
Од оваа рунда во категоријата најубави голови ЕХФ за трет најубев го прогласи еден од головите на левото крило на Вардар, Тимур Дибиров.