Маркоски на преговори со Загреб

Македонскиот репрезентативец и во моментов член на Работнички Велко Маркоски е на пат да стане ракометар на Загреб и сезонава да заигра и во Лигата на шампионите. Хрватскиот првак има многу проблеми со повредени ракометари и е во потрага по играчи кои досега немале настап во Европа.



Веселин Вујовиќ добро ги познава квалитетите на дефанзивецот на Работнички. Тој е тренерот кој носи голема заслуга за подемот на Маркоски, откако му беше тренер во Вардар и селектор во јуниорската репрезентација, а и самиот си знае колку мака си имал со него од времето кога подготвувал стратегија како да ја разбие одбраната на Металург каде еден од главните столбови беше токму дваесет и деветгодишниот стружанец. Сепак, идејата да се ангажира Маркоски е повеќе резултат на бројните повреди на загрепските ракометари

„Заминувам за Загреб на преговори“, вели Велко Маркоски. „Ќе видиме како ќе биде, денеска најдоцна утре сè ќе биде познато. Се надевам дека ќе се договориме“, изјави македонскиот бек пред заминувањето за хрватската престолнина.

Позитивниот расплет на оваа приказна би можел да симне голем товар и од грбот на селекторот на Македонија, Ивица Обрван.

Велко Маркоски поради ситни повреди беше изоставен од списокот на репрезентативци кои играа на турнирот во Умаг. Со евентуален трансфер во Загреб, Велко Маркоски би се вратил на голема врата во врвниот ракомет. Загреб е клуб кој игра на повеќе фронтови. Амбициозен е во СЕХА, амбициозен е и во Лигата на шампионите, а и не треба потврда на фактот дека во таков тим нема импровизации. Тоа, пак, значи дека би си резервирал место на списокот на патници за Краков.

Единствениот кој би загубил во ваков случај е Работнички. Велко Маркоски е еден од играчите на кој се базира целиот проект. Но, секојдневно слушаме за ремонти, чистки и така натаму, па нема да му биде особено тешко ниту на дебармаалскиот клуб да ангажира на неговото место друга квалитетен играч. Тешко дека би можел комплетно да го замени, но доволно добро за да има опции и за Андон Бошковски да тактизира од клупата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...