Гут ја „грабна“ победата во Аспен

Швајцарката Лара Гут е победничка на втората трка од новата сезона од Светскиот куп, откако скокна од третото место по првото велеслаломско возење во Аспен, САД

Гут по две возења беше за 0.10 побрза од Австријката Ева-Марија Брем (која по првото возење беше осма), додека последното место на подиумот отиде кај Италијанката Федерика Брињоне, која по победата во Зелден на стартот на сезоната е лидер во генерален пласман.

За 24-годишната Гут ова е 13. победа во Светскиот куп, но само втора во велеслалом по таа во Зелден во 2013 година. Сите други победи и се во брзинските трки, супер-џи и спуст.

Трката донесе ново домашно разочарување за Микаела Шифрин, откако 20-годишната Американка имаше мала предност по првото возење, но не го заврши второто. Шифрин, двократна шампионка од СК во слалом, има 15 победи во кариерата, но ниту една во САД, туку сите на европски снег.

РЕЗУЛТАТИ

ВЕЛЕСЛАЛОМ (М) - АСПЕН (САД)

1.Лара Гут (Шва) 2:02.51

2.Ева-Марија Брем (Авт) 2:02.61

3.Федерика Брињоне (Ита) 2:02.85

4.Мануела Мелг (Ита) 2:03.45

5.Теса Ворлеј (Фра) 2:03.49

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (СВЕТСКИ КУП)

1.Федерика Брињоне (Ита) 160

2.Лара Гут (Шва) 150

3.Ева-Марија Брем (Авт) 112

4.Теса Ворлеј (Фра) 90

5.Тина Вајратер (Лих) 84



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...